ВИДЕО: Мадагаскар по пеналите го изненади Конго и патува во четвртфиналето на АКФ

Фудбалската селекција на Мадагаскар е петтиот патник во четвртфиналето на Африканскиот Куп на нациите, прв од денешната програма на континенталнот собир.

Иако беа аутсајдери на хартија пред мечот, фудбалерите на островската држава успеаја да направат голем подгив, откако по изведувањето на пенали го совладаа националниот тим на Конго и заслужено слават историско место меѓу осумте најдобри во Африка. По регуларните 90 минути и продолженијата резултатот гласаше 2-2. 

  • Извештај од натпреварот: 

По само девет минути игра Мадагаскар преку Амада поведе со 1-0, но противникот веднаш возврати и Бакамбу се избори за 1-1 на полувреме. Во второто полувреме Мадагаскар беше поконкретен и поактивен на теренот, а тоа вроди со плод во 77. минута, кога Андриасима погоди за 2-1. Сепак, борбениот Конго не се предаде и буквално во последните минути погоди за 2-2 и продолженија. 

Во дополнителните 30 минути мрежите мируваа, па победникот мораше да биде решен по изведувањето на ударите од 11 метри. Во пенал-рулетот повеќе среќа имаа фудбалерите на Мадагаскар, кои на крај славеа со 4-2. 

Противник на Мадагаскар во борбата за полуфинале ќе биде победникот од вечерашниот натпревар меѓу Гана и Тунис.