ВИДЕО: Мадагаскар недораснат, Жирес го одведе Тунис во полуфиналето на КАН

Алан Жирес и Тунис се последни патници во полуфиналето на Купот на Африкански нации во Египет, откако во четвртото четвртфинале лесно го совладаа изненадувањето на натпреварувањето Мадагаскар со 3-0 (0-0).

Ако го првиот дел се изнапромашија, „белите“ во продолжението ги искористија сите шанси кои им се укажаа. Саси во 52. минута и Мсакни осум минути подоцна ја осигураа победата, а Наим Слити во судиското надополнување ги постави финалните 3-0.

  • Извештај од натпреварот:

Во полуфиналето ќе се сретнат: Сенегал - Алжир и Тунис - Нигерија.