Мачин доби отказ, Капарос е нов привремен тренер на Севиља

Не минаа ни 24 часа од елиминацијата на Севиља во осминафиналето на Лига Европа за сметка на прашка Славија, а најтрофејната екипа во ова натпревфарување се одлучи за радикална тренерска смена. Младиот стручњак кој дојде од Џирона, Пабло Мачин, заработи отказ и на негово место како привремено решение е назначен спортскиот директоР Хоакин Капарос.

43-годишниот Мачин имаше одлична есен, но пролетва екипата го загуби идентитетот и нема веќе можности за трофеј сезонава. Најнапред испадна од Барселона во четвртфиналето на Купот на Кралот, драстично падна во Примера, каде целта е четврто место и учество во Лигата на шампионите следната сезона, а вчера Андалузијците ја пропуштија и последната можност.

Севиља се чинеше дека има резултат да ја елиминира Славија, но со два примени гола во финишот на продолжението, загуби со 4-3 од тимот од Прага и со вкупни 6-5, Чесите патуваат во четвртфиналето. Со тоа пропадна можноста Севиља преку Лига Европа и освојување на трофејот да се квалификува за следната Лига на шампиони.

Капарос, кој му овозможи на нашиот Димитриевски да дебитира во Гранада, и минатата година беше привремен тренер на Севиља по заминувањето на Винченцо Монтела. 

Соопштението на Севиља за тренерска смена: 

Последниот натпревар на Пабло Мачин на клупата на Севиља: