Ма, каква „Златна топка“: Еве што правеше Халанд за време на церемонијата

Норвешкиот фудбалер Ерлинг Халанд не беше присутен на гала-вечерта на доделувањето на „Златната топка“ во Париз, иако негов соиграч од Манчестер Сити ја доби престижната награда.

Голгетерот на „граѓаните“ реши слободната вечер да ја искористи за патување во Шведска, каде во живо гледаше натпревар на Малме.

Тимот играше за титула и на крајот ја освои, а Халанд објави фотографии од мечот. Медиумите велат дека во клубот има близок пријател, тоа е Ерик Ботхајм.

Халанд покажа револт кон „Златната топка“ затоа што не ја доби престижната награда за ланската сезона во која ја одигра најдобрата сезона во кариерата.