ВИДЕО: Лутите навивачи на Авр предизвикаа прекин на мечот со Марсеј

Средбата меѓу Авр и Олимпик Марсеј во рамките на 33. коло на француската Лига 1 не го дочека својот крај. Откако гостинската екипа поведе на „Стад Осеан“ следуваше прекин на пресметката од страна на домашните навивачи. 

Фановите на Авр се налутија поради бизарна причина - славјето на навивачите на Олимпик Марсеј за голот. Дел од навивачите на домашниот тим се симнаа на теренот и предизвикаа прекин. 

  • Моментите околу прекинот на мечот:

Судијата и играчите се собраа пред тунелот, почекаа неколку минути и потоа се повлекоа во соблекувалните. 

Засега нема официјални информации за исходот, дали натпреварот ќе се доигра или ќе се регистрира можеби со службена победа за гостите.