ВИДЕО: Лутиот Милевски тргна кон Оченаш, ама на крај – му подаде рака!

Македонската фудбалска репрезентација загуби на гостувањето кај Чешка во Храдец Кралове со 2-1 (0-0). На резултатот од натпреварот големо влијание имаше арбитражата на судијата Михал Оченаш кој досуди два во најмала рака спорни пенали, меѓутоа имаше и неколку чудни одлуки во текот на играта. 

<<< - ПОВРЗАНО - ВИДЕО: Македонија со два чудни пенали загуби на гости кај Чешка!

По крајот на натпреварот во Храдец Кралове, македонскиот селектор Благоја Милевски сакаше да ги расчисти сметките со судијата Оченаш. Тој дојде на теренот и луто гестикулираше кон Словакот, а тој беше чуван од страна на редарската служба. 

На крајот Милевски откако му изнакажа одредени работи на судијата, спортски му подаде рака и замина од теренот.