ВИДЕО: Лутиот Мбапе влезе во расправија со Тухел затоа што го извади од игра

Екипата на ПСЖ забележа убедлив триумф против Монпелје од 5-0, но она што го одбележа натпреварот на „Паркот на Принцевите“ се случи во 65. минута, кога од игра излезе Килијан Мбапе.

Германскиот стратег на клупата на парижани, Томас Тухел се реши од игра да го извади својот најдобар стрелец оваа сезона и на негово место го внесе Икарди. Младиот француски напаѓач видно незадоволен ја прифати оваа одлука на својот тренер и имаше што да му каже пред гневно да се упати кон клупата за резерви. 

  • Моментот кога Мбапе излезе од игра и влезе во расправија со Тухел: 

Убедливата победа на ПСЖ му ја обезбедија Сарабиа, Ди Марија, Конгре (автогол), Мбапе и Курзава.