• Иван Димовски
Ливерпул по огромна борба го совлада Челзи во финалето на Лига купот (0-1) по продолженија со голот на Вирџил Ван Дајк во 118. минута. Јирген Клоп со огромни проблеми пристапи на ова финале, во кое мораше да се потпре на млади имиња. Покрај другото, во центарот на вниманието беше судијата Крис Кавана и неговите асистенти, како и ВАР собата.
Првата спорна ситуација беше поврзана со потенцијално исклучување на Мојсес Каиседо кој го повреди Рајан Гравенберг со остар старт. Потоа во вториот дел беше поништен водечки погодок на Вирџил Ван Дајк, поради влијание на акцијата од страна на Ватару Ендо. Тие ситуации го налутија Клоп, па по натпреварот го искажа своето незадоволство. Иако не сакаше да ги коментира судиските одлуки, тој дојде и се поздрави со помошниците, но не и со главниот Кавана.
- Поздравот на Клоп со помошниците:
Klopp aired Chris Kavanagh’s handshake at full time
After seeing Gravenberch and Endō’s injuries from Moises Caicedo, I’m not sure many could begrudge him. pic.twitter.com/BDAGqNks41
— Watch LFC (@Watch_LFC) February 26, 2024
„Црвените“ не можеа да сметаат на Салах, Собослаи, Нуњез, Матип, Џонс, Жота, Арнолд и Алисон, па тоа беше причината поради која Клоп мораше да се потпре на младинците. Во стартниот тим беше Бредли, а потоа од младинците шанса добија Кларк, Данс, МекКонек и Квансах. Клоп по натпреварот откри интересна ситуација, поврзана со младите играчи кои заиграа во ова финале.