• Горан Упале
Фудбалерите на Ливерпул им приредија ново големо разочарување на своите фанови, откако, по ремито со Лутон во Премиер лигата, синоќа загубија од Тулуз во рамките од четвртото коло од Лига Европа.
Но, покрај поразот, во центарот на вниманието беше и прес-конференцијата која што се одржа по натпреварот, поточно реакцијата на гостинскиот тренер Јирген Клоп. Германецот остана во неверување дека салата за прес-конференции е сместена веднаш до просторот каде што навивачите на Тулуз ја славеа победата.
„Чија идеја е тука да се одржи прес-конференција? Тоа би било навистина интересно прашање“, видно револтиран праша Клоп.
LOL pic.twitter.com/4mIk5jttMM
— HLTCO (@HLTCO) November 9, 2023
На две кола до крајот на групната фаза Ливерпул е лидер со девет бода, а Тулуз е на второто место со седум бода.