ВИДЕО: Лутата „германска машина“ моќно го прегази Леверкузен

Кога Баерн Минхен губи во Бундеслигата, следниот ривал го чека потоп. Тоа му се случи и на Баер Леверкузен, кој во дуелот кој требаше да биде дерби-пресметка загуби со убедливи 1-5 (0-5) и така Баварците пак се вратија на врвот.

  • Извештај од натпреварот:

Машината на Нагелсман го сомле противникот во импресивно прво полувреме. Триесет минути беа доволни Баерн Минхен да ја прокнижи посакуваната победа, затоа што петпати се тресеше мрежата на ривалот. Посебно импресивни беа четирите гола во седум минути, во периодот од 30. до 37. минута.

Уште на стартот во 4. минута Роберт Левандовски постигна ефектен гол со пета и најави триумф на „Бај Арена“. Полјакот во 30. минута зголеми на 0-2, а потоа еден гол на Томас Милер и уште два на Серж Гнабри во следните седум минути донесоа убедливи 0-5 за фаворитот на паузата.

Во вториот дел тренерот на домашните ротираше, им даде шанса на некои играчи од клупата, а Баер Леверкузен само еднаш ја стресе мрежата на Мануел Нојер, кога во 55. минута Патрик Шик ја продолжи добрата голгетерска серија.

Баерн Минхен со оваа победа се врати на врвот во Бундеслигата. Во следната рунда тимот го чека домашен дуел со Хофенхајм, а претходно следат обврските во Лигата на шампионите. Баер Леверкузен, пак, останува трети и ќе гостува кај Келн.

Состави

Gerardo Seoane

4-2-3-1

    Јулијан Нагелсман

    4-2-3-1