Лунин им се извини на соиграчите и навивачите: Секој човек може да погреши!

Голманот на украинската репрезентација, Андреј Лунин, се извини на своите соиграчи и навивачи после грешката што ја направи на натпреварот против Романија, кој Украинците го загубија со убедливи 3-0. 

„Им се извинив на моите соиграчи, на стручниот штаб и на навивачите. Секој човек може да погреши, а за жал, токму јас бев виновен денес. Се надевам дека ќе извлечеме поука од овој пораз и ќе прикажеме многу подобра игра на следните мечеви“, рече Лунин во краток разговор со медиумите.

Украина важеше за благ фаворит во дуелот со Романија, но комплетно потфрли на теренот и на крајот забележа голем пораз кој ја оддалечува од пласман во втората фаза. 

Состави

Eduard Iordanescu

4-1-4-1

    Сергеј Ребров

    4-2-3-1