• Горан Упале
Фудбалската селекција на Луксембург приреди изненадување пред својата публика и со минимални 1-0 славеше над Шведска во пријателски натпревар одигран на „Стад де Луксембург“.
Швеѓаните важеа за големи фаворити, не само пореди квалитетот и традицијата, туку и поради формата која е во нагорна линија, но се случи сензација и малиот Луксембург стигна до голема победа.
Автор на единствениот погодок на натпреварот беше дефанзивецот на Војводина, Сеид Корач и тоа по само 23 минути игра. За Шведска од првата минута во нападот настапија премиерлигашките ѕвезди Исак и Еланга, но скандинавците целосно потфрлија и по пауза од шест натпревар ги запишаа првиот пораз (пет победи и едно реми).
Исто така за Луксембург ова беше прв триумф во меѓусебните дуели со Шведска, откако претходно запиша пет порази, а еден натпревар заврши без победник.