ВИДЕО: Лукман пак прави проблеми, а Јуриќ не молчи – го фати за рака и му покажа кој е кој!

Аталанта со доста мака славеше над Олимпик Марсеј (0-1) во Лигата на шампионите, со што стави крај на црната низа без победа. Херој на тимот од Бергамо беше Лазар Самарџиќ со гол во 90. минута од средбата.

Сепак, една црна дамка на победата беа случувањата крај аут-линијата. Имено, при замената на Адемола Лукман со Јунус Муса, нигериското крило беше видно незадоволен. Лукман направи гест, а веројатно и искоментира нешто бидејќи тренерот Иван Јуриќ не можеше да се воздржи. Хрватот агресивно го фати за рака под рамото сакајќи да го запре и влегоа во вербален дуел.

Иако изгледаше дека Јуриќ претера, оваа приказна има и друга заднина. Лукман на почетокот на сезоната беше надвор од тимот поради тоа што беше во „војна“ со управата откако не му дозволија трансфер во Интер. Сега неговото бунтовничко однесување се повторува, а Јуриќ не е тип кој премолчува такви работи.