• Зоран Мишевски
Реал Мадрид не губи финалиња, без разлика дали противник му е гигант на европскиот фудбал или екипа која ретко игра финалиња како Аталанта. Малиот клуб од Ломбардија како аутсајдер допатува во Варшава на Суперкупот на Европа и се надева дека може да се надмине себеси и да го изненади европскиот првак.
Пред официјалниот стадион во главниот град на Полска, пред многубројните новинари зборуваше херојот од Даблин, Адемола Лукман.
„Натпреварот во Даблин е минато, сега ни следи друг тип на натпревар и возбуден сум за ова финале. Заслуживме да дојдеме овде во Варшава и треба да ја зграпчиме оваа шанса.
Сакам да ги охрабрам нашите навивачи, кои дојдоа во Полска. Ќе дадеме 100% од себе. И покрај тоа што не се комплетни, сепак играме против Реал Мадрид. Не знам дали е ова вистински момент или не, но треба да се гледаме самите себеси“, рече Ниегериецот.
Аталанта утревечер ќе настапи без најдобриот напаѓач минатата сезона, Скамака, кој ги скина лигаментите минатата недела и го чека долга пауза.