ВИДЕО: Лукман херој на Нигерија, ДР Конго е полуфиналист на АКН

Фудбалерите на Нигерија се пласираа во полуфиналето на Африканскиот Куп на нации, откако минимално ја совлада Ангола со 1-0 (1-0). Четвртфиналниот натпревар во Абиџан беше одлучен со единствениот погодок на Адемола Лукман во финишот на првото полувреме.

  • Нигерија - Ангола 1-0:

Ангола беше рамноправен ривал, двете селекции имаа свои шанси, меѓутоа голови даваше само Нигерија. Освен одлучувачкиот погодок на Лукман во 41. минута, мрежата на Анголците ја стресе и Виктор Осимен во вториот дел, ама неговиот гол беше поништен поради офсајд позиција.

Во полуфиналето Нигеријците ќе се судрат со подобриот од дуелот меѓу Зеленортската република и Јужна Африка.

Полуфиналист е и ДР Конго кој со пресврт ја совлада Гвинеја (3-1). Со гол од пенал Бајо донесе водство за Гвинејците, меѓутоа потоа Мбема, Виса и Масуаку режираа пресврт и триумф на Конго. Тие го чекаат исходот од пресметката меѓу домаќинот Брег на Слонова Коска и Мали.