ВИДЕО: Лукман го замолкна Неапол, четата на Конте немоќна пред Аталанта

Екипата на Аталанта одигра одлично на гостувањето на „Диего Армандо Марадона“ и му го нанесе вториот сезонски пораз на Наполи, славејќи со високи 0-3 (0-2) во дербито на 11. коло од италијанската Серија А. 

  • Извештај од натпреварот:

Избраниците на Џанпјеро Гасперини одиграа пеколно прво полувреме и имаа двојна предност по само половина час игра, а стрелец на двата гола беше одличниот Адемола Лукман. Наполитанците се обидоа да се соземат од шокот и тргнаа во офанзива кон гостинскиот гол, но не успеаја да ја затресат мрежата до крајот на првиот дел (0-2). 

Второто полувреме очекувано донесе поголема иницијатива од играчите на Антонио Конте. Тренерот реагираше во внесување на Енгонг и Распадори, делуваше дека тимот е малку покомпактен, но никако не успеваше да ја начне мрежата на гостите. Аталанта потоа повторно заигра цврсто и беше опасна во офанзива, постигна и трет погодок преку Де Кетеларе, но истиот беше поништен поради офсајд. 

Во последните десетина минути домаќините кружеа околу голот на Аталанта и се обидуваа да дојдат барем до почесен погодок, но на крајот гостите беа тие што дојдоа до целта. Одиграа една одлична контра во 92. минута, по што нововлезениот Матео Ретеги ги постави конечните 0-3 и донесе голема радост за своите навивачи. 

Аталанта за момент се „протна“ меѓу Наполи и Интер на втората позиција на табелата, а за Наполи ова беше втор пораз сезонава. 

Состави

Антонио Конте

4-3-3

    Џанпјеро Гасперини

    3-4-1-2