Лукман: Доминиравме во финалето и заслужено испишавме историја за Аталанта

Нигериецот Адемола Лукман беше вистински херој на Аталанта во финалниот меч од Лига Европа против Баер Леверкузен. Крилниот напаѓач постигна хет-трик, го одигра најдобриот меч во сезоната, а потоа изрази огромно задоволство од освојувањето на првиот историски трофеј за Аталанта. 

„Конечно триумфиравме во европско натпреварување и си го исполнивме сонот. Аталанта е клуб кој со години сериозно работи на својот имиџ, а тоа може да го оствариме само со вакви резултати. Ова потполно го заслуживме. Испишавме историја и се надевам дека сите навивачи во Бергамо се пресреќни. 

Ги исфрливме Спортинг и Ливерпул, а потоа на доминантен начин го надигравме и новиот германски шампион. Да потсетам, Ливерпул беше лидер во Премиер лигата кога загуби од нас, Леверкузен се прошета низ Бундеслигата, така што, овој успех за нас е навистина огромен“, изјави Лукман. 

Играчите на италијанскиот тим ја донесоа првата европска титула во историјата, а многу причини за задоволство имаше и тренерот Џан Пјеро Гасперини, кој исто така го освои својот прв трофеј во кариерата.  

Состави

Џанпјеро Гасперини

3-4-3

    Чаби Алонсо

    3-4-2-1