Лукас Васкез за 35 милиони евра ќе го засили Арсенал

Лукас Васкез

Ако им се верува на шпанските медиуми, Лукас Васкез од Реал Мадрид ќе направи трансфер и ќе ја продолжи кариерата во Арсенал.

Преговорите се во тек, а Зинедин Зидан ќе мора да се откаже од еден фудбалер кој не е против да биде замена во „кралскиот“ клуб. Обештетувањето треба да изнесува 35 милиони евра, 32 веднаш, а три милиони во вид на бонуси.

Унаи Емери, тренерот на лондонската екипа, го посакува Шпанецот во своите редови. Тој има проблеми со буџетот за трансфери, кој го ограничува во желбите.

28-годишниот крилен офанзивец има големо искуство позади себе и сигурно ќе биде од голема корист за премиерлигашот во новата сезона. Во Реал од 2015 година до денес, Васкез одигра 183 меча, проследени со 21 погодок и 44 асистенции.

Освен за „кралскиот“ клуб поливалентиот Шпанец беше позајмен и во Еспањол. За шпанската селекција запиша девет настапи и уште го чека првиот гол.