• Мартин Танасковски
Познато име повторно ќе игра во Битола, затоа што Бразилецот Лукас Кардозо се обврза на соработка со Пелистер и ќе биде дел од екипата која во новата сезона ќе биде дел од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).
30-годишниот Кардозо, кој претходно беше дел од пелистерци од 2016 до 2018 година ,игра на левата крилна позиција, но истовремено може да ги покрива и сите три позиции во нападот.
Кардозо предходно играше и за Партизани од Албанија, Дрита од Косово, Беса од Албанија, Кизиљар од Казахстан, Балкани од Косово, Ал Нафт од Ирак, Персехат од Индонезија како и бразилскиот Баталхао.
Се очекува Лукас Кардозо да биде од голема важност во тимот на Влатко Костов кој се врати во елитното друштво по неколкугодишна пауза.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.