ВИДЕО: Лукас гледаше снимка од „златниот“ гол со бразилски коментатор и се изнаплака како мало дете! 

Бразилскиот ас Лукас Моура цел живот ќе го памети синоќешниот натпревар меѓу неговиот Тотенхем и Ајакс. Токму на негов погон, „петлите“ го срушија холандскиот гигант (2-3) и за првпат во историјата ќе играат во едно финале на Лигата на шампионите. 

Лукас беше творец на трите гола, но дури по мечот сфати што навистина направи на „Јохан Кројф Арена“, откако еден новинар во микс-зоната му пушти снимка од „златниот“ гол и тоа со бразилски коментатор, кој вистински полудува од среќа. 

26-годишниот офанзивец не успеа да ги сочува емоциите и низ солзи изјави:

„Ова е најголемата ноќ во мојот живот. Три гола во едно полуфинале на Лигата на шампионите, тоа е неверојатно. Оваа игра е посебна токму заради ваквите моменти. Ова е емотивен ден за мене“. 

Тотенхем имаше негатива од 2-0 по првите 45 минути во Амстердам, но Англичаните по рецептот на Ливерул од претходната ноќ не се предадоа и заслужено ќе бидет дел од спектаклот во Мадрид.