Лукаку за наводниот инцидент со Погба: Кога омразата не дава резултат, тогаш...

Екипата на Манчестер Јунајтед изминатиов викенд извојува многу тешка победа над тимот на Саутемптон во Премиер лигата, откако со голот на Ромелу Лукаку во 88. минута стигна до 3-2. 

Белгискиот репрезентативец игра во одлична форма во последниот период, на овој меч постигна и уште еден гол, а во самиот финиш имаше шанса за хет-трик, но Погба ја презеде одговорноста и шутираше пенал за 4-2, но промаши. 

Токму заради оваа ситуација, британски „Сан“ објави дека во соблекувалната имало голема расправија меѓу Лукаку и Погба, но првиот стрелец на „ѓаволите“ со една реченица ги демантираше овие пишувања. 

„Кога омразата не дава резултати, тогаш тие почнуваат да лажат“, накратко одговори Лукаку. 

Јунајтед уште утре е пред нов голем испит, бидејќи го игра реванш мечот од осминафиналето на Лигата на шампионите против ПСЖ. На првиот меч одигран во Англија, ПСЖ извојува победа од 0-2.