Лукаку со поддршка за земјата на своите родители: Стоп за геноцидот!

Екипата на Рома ремизираше на гостувањето кај Феенорд во Лига Европа, но во центарот на вниманието се најде Ромелу Лукаку, кој со еден гест упати огромна поддршка за земјата од која потекнуваат неговите родители. 

Популарниот „Биг Ром“ стрелаше за израмнување на резултатот на 1-1, а при прославата ја покри устата и симболично впери пиштол во слепоочницата, укажувајќи на фактот дека во ДР Конго сѐ уште трае разорната граѓанска војна, во која животот го загубија стотици илјади луѓе.

Лукаку само го следеше примерот на репрезентативците на Конго, кои на истиот начин протестираа за време на Африканскиот Куп на нации, а овие потези наидоа на голема поддршка од целиот свет. 

 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Wavy Footy (@wavyfooty)

Лукаку е роден во Антверпен, но неговото семејство потекнува токму од Конго. Фудбалерот низ годините неколку пати беше вклучен во хуманитарни акции за помош на одредени делови од земјата, а вчера после натпреварот со Рома, на социјалните мрежи напиша „Стоп за геноцидот“. 

Рома извлече реми во Холандија и со активен резултат ќе го дочека реваншот на „Олимпико“. Ромелу Лукаку малку ја подигна формата, а вкупно сезонава стигна до бројката од 15 голови во дресот на „римската волчица“.