Лукаку се посрамоти за сите пари: Чудесно промашување на „деветката“ на Челзи (ВИДЕО)

Лукаку

Челзи постигна еден погодок со кој освои цел плен на незгодното гостување кај Брентфорд.

Бен Чилвел ја погоди целта на крајот од првиот дел и им овозможи на „сините“ да се радуваат на победа. Притисокот од домашниот тим можеше да се избегне, ако Ромелу Лукаку беше прецизен од изгледна позиција во 70. минута од мечот.

Белгискиот голгетер промаши неверојатен зицер и наместо во голот, ја испрати топката далеку над пречката. Тоа донесе бурна реакција од трибините и неверица кај Томас Тухел и гостинската клупа.

Лондонскиот тим остана на врвот со 19 бода, еден повеќе во однос на Ливерпул и два пред Манчестер Сити.

Состави

Thomas Frank

3-5-2

    Томас Тухел

    3-5-2