Лукаку се пошегува со Роналдо: Само да проверам дали топката ја мина линијата (ФОТО)

Екипата на Интер продолжува со одличните настапи во Серија и сигурно ита кон долгоочекуваното скудето.

Синоќа момците на Антонио Конте со минимални 0-1 го совладаа составот на Болоња, а човек на одлука беше Ромелу Лукаку. Фантастичниот белгиски напаѓач одново донесе огромни три бода за својот тим, а откако ја смести топката во посакуваната цел се реши да се пошегува со Кристијано Роналдо, кому пред една седмица не му беше признат чист гол во Белград.

„Само да се осигурам дека ја топката ја помина гол линијата“, напиша Лукаку со фотографија од моментот кога тој го постигна голот.

Лидерот од Милано го чека вонреден дуел в среда, кога го игра заостанатиот натпревар со Сасуоло.