Лукаку објасни зошто се фрлаше во прегратки на Конте по головите за Интер

Екипата на Интер во еден од највозбудливите натпревари оваа сезона со 4-3 славеше над Сасуоло, а човек на натпреварот беше белгискиот фудбалер Ромелу Лукаку.

Напаѓачот на „нераѕурите“ даде два гола, а бурно ги прослави со тренерот Антонио Конте. По натпреварот, тој ја откри причината.

„Конте и јас сме тимски играчи. Кога ќе постигнам гол, сакам со сите да го прославам. Давам се од себе на секој натпревар и сакам Интер да победува. Се беше совршено во првиот дел за нас, но се доведовме во малку незгодна ситуација. Требаше да решиме се при 3-1 или 4-1“, изјави Лукаку.

Интер се врати на победнички колосек во калчото, по поразот од Јувентус во претходното коло и се наоѓа на втората позиција.