• Саше Љолес
Искусниот Ромелу Лукаку е сѐ поблизу до трансфер во Наполи, јавуваат италијанските медиуми. Белгиецот е сѐ уште под договор со Челзи, иако минатата сезона ја мина на позајмица во Рома, но тој е голема желба на Антонио Конте, кој нема ништо против да го види кај себе во Неапол.
Управата на Наполи му понудила тригодишен договор и плата од шест милиони евра по сезона, што е за 20% помалку од тоа што го заработуваше кај „волчицата“ од Рим. Лукаку има огромно искуство од Серија А, под водство на Конте ја освои шампионската титула со Интер и вкупно досега постигна 70 голови во сите клубови.
Конте смета дека Белгиецот би можел да биде големо засилување за тимот, особено ако Наполи се реши да го продаде Нигериецот Виктор Осимен.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.