ВИДЕО: Лукаку ја продолжи гол-серијата, ама Рома испушти победа во Торино

Фудбалерите на Рома одново предизвикаа незадоволство кај своите фанови. Жозе Мурињо никако не може оваа сезона да го насочи својот тим на вистинскиот колосек во Серија А, а доказ за тоа е и вечерашната партија на гости кај Торино.

  • Извештај од натпреварот:

„Волчицата“ играше одлично, водеше со 0-1 и имаше контрола на теренот, но во самиот финиш попушти во концентрацијата и дозволи домашниот тим да се избори за голем бод (1-1). Со ова реми Рома направи скок од само една позиција на табелата и сега е на тринаесеттото место, додека Торино остана деветти со осум бода.

На „Олимпискиот стадион“ во Торино први на погодок се радуваа гостите од Рим. Најголемото летно засилување на римјани, Ромелу Лукаку во 68. минута ја затресе домашната мрежа и со третиот гол на последните три натпревари за Рома донесе водство за својот тим. Но, домаќините не се предадоа и кога се очекуваше дека бодовите ќе заминат за Рим, Дуван Запата со прекрасен погодок со глава обезбеди голем бод за Торино (1-1).

Пред Рома е уште едно гостување во Серија А, овој пат кај повратникот Џенова, додека Торино во следното коло ќе патува во Рим, на гости кај Лацио.

Состави

Иван Јуриќ

3-4-2-1

    Жозе Мурињо

    3-4-2-1