ВИДЕО: Лукаку и Мартинез незадржливи, Интер во луд меч со СЕДУМ гола славеше над Сасуоло! 

Интер победа

По вчерашниот сигурни победи на Јувентус и Наполи, попладнево уште еден претендент за највисок пласман запиша нови три бода во Серија А. Во спектакуларен натпревар крунисан со седум гола, Интер со 3-4 славеше на гостувањето кај Сасуоло и на еден начин ги залечи раните од болниот пораз во претходното коло од големиот ривал Јуве. Со овие три бода, момците на Антонио Конте се вратија на само еден бод негатива во однос на лидерот Јувентус, а избегаа на четири бода пред третопласираната Аталанта. 

  • Извештај од натпреварот: 

Мечот на „Мапеи Стадиум“ започна во знакот на гостите, кои по само една минута преку расположениот Мартинез го отворија резултатот и најавија атрактивен и возбудлив меч. Аргентинецот на асистенција на Брозовиќ од полудесно стрелаше во домашната мрежа, а речиси на идентичен начин на 1-1 израмни Берарди во 16. минута. 

Неколку минути подоцна Лаутаро Мартинез повторно беше прецизен, но овој пат ВАР му го поништи голот. Но, во продолжение на сцена стапи Ромелу Лукаку, кој со два гола донесе 1-3 за Интер на полуфреме. 

Одличната игра на Интер продолжи и во вториот дел, а Мартинез со својот втор погодок донесе комотни 1-4 за својот тим. Но, оваа висока предност малку фалеше оваа позитива да биде прокоцкана. Домашните фудбалери не се предадоа, Ѓуричиќ и Бога намалија на 3-4, но во финалните минути немаа сили за големо изненадување и запишаа нов неуспех во новата сезона.