Лукаку: Горд сум што играм за Интер, ова е најдобрата сезона во мојата кариера

Најдобриот фудбалери на Интер оваа сезона, Ромело Лукаку е презадоволен од освојувањето на Скудетото и истакна дека ова е најдобрата сезона во неговата кариера.

„Нероазурите“ на четири кола пред крајот на Серија А, ја обезбедија својата прва титула по пауза од 11 години. Со 21 голови и осум асистенции во досегашниот дел од шампионатот, Лукаку е еден од најзаслужните за големиот успех.

„Минатата година беше добра, но оваа сезона е најдобра во мојата кариера. Прекрасно е чувството и се надевам дека ќе продолжам вака, сакам да им се заблагодарам на сите, навистина сум среќен. Среќен сум за сите навивачи на Интер ширум светот, за тимот, вработените во клубот, претседателот. Ова е прекрасна сезона и навистина сум горд што играм за Интер“, изјави Белгиецот за „Скај Италија“.

Во претходниот период се шпекулираше дека 27-годишниот напаѓач може да се врати во Премиер лигата, бидејќи интерес за него покажаа Манчестер Сити и Челзи, но барем засега. се чини дека тоа нема да се случи.