• Мартин Танасковски
Репрезентацијата на Белгија не успеа да победи во Скопје против Македонија (1-1), резултат на кој Белгијците гледаат како неуспех. Една од главните ѕвезди на тимот, Ромелу Лукаку, говореше за дуелот и истакна дека сите се свесни дека „зафркнале против Македонија“.
„Дали се уште мечот ми е во главата? Секако, тоа е нормално. Знам дека зафркнавме во Македонија. Неприфатливо нешто. Мислам дека на терен треба да читаш ситуации убаво, а ние тоа не го правевме. Имавме шанси да го убиеме мечот, а не го направивме тоа. А, добивме предупредувања.
Тешко е кога Ељиф Елмас ти ја држи топката во нозете. Знам за што е способен. Затоа што не го „исфрлиме“ од мечот него и капитенот на Македонија (Енис Барди н.з), ни се случи тежок дуел. Имаа и напаѓач кој добро ја чуваше топката.“, кажа Лукаку.
Македонија е лидер во квалификациската група за СП 2026, но Белгија има два меча помалку.





