• Мартин Танасковски

Екипата на Наполи остана без најдобриот играч Квича Кварацкелија, но и тоа не беше проблем тимот да слави во вечерното дерби против Аталанта (3-2) во меч кој се одигра во Бергамо во рамки на Серија А.
- Извештај од натпреварот:
Наполитанците беа отпишани, но покажаа карактер кога беше најпотребно. Иако први губеа на мечот, најдоа начин да го свртат дуелот, а потоа да дојдат и до победа со која ја продлабочија кризата на Аталанта која пет натпревари по ред во сите конкуренции не знае за победа.
Се играше 16. минута кога домашниот тим преку Ретеги дојде до предност, меѓутоа до полувремето Политано и Мектоминеј донесоа пресврт за Наполи (1-2). Најдобриот играч на Аталанта, Лукман, уште еднаш се покажа во вистинско светло затоа што погоди за 2-2 тукушто започна првиот дел, а се беше мирно до 78. минута, кога Лукаку реализира за 2-3 и ја донесе шестата победа по ред за Наполи во Серија А.
Наполи е на врвот во калчото со 50 бода, шест повеќе од второпласираниот Интер кој има и два меча помалку. Аталанта е третопласирана со 43 бода.