Лука Здравковски премина во грчки Ксанти

Македонскиот фудбалер Лука Здравковски замина во Грција и кариерата ќе ја продолжи во редовите на Ксанти.

20-годишниот играч од средниот ред кој настапува на позицијата играч за врска потпиша за грчкиот клуб и продолжува во колективот каде асистент е Жикица Тасевски, а исто така има и уште еден македонски фудбалер, тоа е Бесарт Ибраими.

Претходно Здравковски беше дел од Бродарац и Истра, исто така настапуваше и за Борец.