• Зоран Мишевски

На една недела до почетокот на пролетниот дел на Втората фудбалска лига, Кожуф доведе искусно засилување.
Лука Трајкоски е ново засилување во редовите на Кожуф. Офанзивецот доаѓа од прилепска Победа, а претходно беше дел и од Македонија ЃП, Тиквеш, Борец, Вардар и Детонит Плачковица. Тренерот Иван Варадиновски пак ќе соработува со Лука Трајкоски, откако претходно двајцата заедно работеа во Радовиш.
Пролетната полусезона во Втората лига започнува на 21 февруари со натпреварите од 16 коло. Прв ривал на гевгеличани ќе биде Брегалница Штип.








