Лука Станковски во украински Колос до 2028 година

Српскиот суперлигаш Раднички реализира нов трансфер, откако го продаде македонскиот репрезентативец Лука Станковски. Играчот кој пристигна во клубот од Шумадија во 2024 година, по година и пол го напушта Крагуевац и ја продолжува кариерата во странство.

Станковски ќе го носи дресот на Колос Коваливка, тим кој сезонава бележи солидни резултати во украинскиот шампионат. Договорот меѓу фудбалерот и екипата е потпишан до 2028 година.

По 16 одиграни кола, Колос се наоѓа на шестата позиција на табелата со освоени 25 бодови и е во конкуренција за пласман во горниот дел од табелата.

Лука Станковски покрај за Раднички, во кариерата играше и за турски Газијантеп, Тузласпор, словенечка Горица, македонски Работнички. Има два настапи за сениорскиот тим на Македонија кои ги доби со добрите настапи во српската Суперлига.