ВИДЕО: Лука Станковски трет меч во низа стрелец за Раднички

Лука Станковски продолжи во одлична форма, постигнувајќи го третиот гол сезонава во српската Суперлига. 

Македонскиот репрезентативец до 21 година стрела на три натпревари во низа за Раднички Крагујевац, а сега во победата против Јединство од 4-0. Станковски го даде третиот погодок за својата екипа, по асистенција од Жељковиќ кој му одложи топка на Македонецот. 

Освен против Јединство, Станковски во минатите две рунди погодуваше против екипите на Чукарички и ТСЦ. Во моментов е на три гола на шест натпревари.