Лука Станковски се договори со турски Газијантеп

Младиот македонски фудбалер Лука Станковски си заминува од Работнички и кариерата ќе ја продолжи во Турција. Медиумите од земјата јавуваат дека е постигнат договор со Газијантеп.

19-годишниот играч од средниот ред потпиша преддоговор со италијанска Монца, но трансферот не се реализира поради неевропскиот пасош на Станковски. По добрите игри за Работнички, Станковски влезе во бележникот на Газијантеп.

Трансферот е веќе договорен, а Работнички ќе заработи сума затоа што играчот е под договор со „романтичарите“. Претходно, за младиот Станковски имаше интерес од Турција, од тимот на Фенербахче.

Лука Станковски е роден во 2002 година, а стана сениор во Работнички. Претходно, покрај за младинските категории на „романтичарите“ тој играше и за Вардар.