• Горан Упале
Еден од најнадежните македонски фудбалери Лука Станковски одигра уште еден натпревар на ниво во дресот на Горица.
На натпреварот со Мура, во рамки од 26. коло од словенечкиот шампионат, 20-годишниот напаѓач одново се запиша во листата на стрелците, а тоа беше доволен податок за ново индивидуално признание.
Имено, Станковски второ коло по ред се најде во идеалниот тим во домашниот шампионат.
- Голот на Станковски против Мура:
Претходно, место меѓу најдобрите единаесет доби благодарение на погодокот во големата победа против Целје.