Лука Станковски опција за средниот ред на Партизан!

Во исчекување на трансферот на Бојан Димоски од редовите на Акран Тољати, српскиот гигант Партизан „фрли око“ на уште еден македонски фудбалер. Станува збор за Лука Станковски кој насапува во српската Суперлига за екипатат на Раднички од Крагујевац. 

„Црно-белите“ се сериозно заинтересирани за Станковски во кој гледаат решение за средниот ред. Поранешниот младински репрезентативец на Македонија може да покрие повеќе позиции на средината, па поради тоа котира високо на листата желби во Партизан. Сепак, оваа операција може да биде сложена и останува да се види дали Раднички воопшто би бил отворен за трансфер. 

Сезонава Лука Станковски во дресот на Раднички одигра 13 натпревари и постигна три погодоци.

22-годишниот македонски фудбалер преку Работнички тргна во интернационална авантура. Откако не успеа да комплетира трансфер во италијанска Монца, Станковски се пресели во турски Газиантеп, потоа играше за Горица и узласпор, а во септември пристигна во Раднички прво на позајмица, но потоа Србите го откупија неговиот договор. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.