Лука Станковски од Работнички е мета на португалска Брага!

Македонскиот фудбалски талент Лука Станковски не го реализира трансферот во Монца, но се уште има шанса да заигра во една од најсилните лиги во светот, во случајов Португалија, затоа што клуб е заинтересиран за него.

„А Бола“ пишува дека за 18-годишниот играч од средниот ред заинтересирана е Брага. Станковски беше договорен со Монца, италијанскиот тим кој успеа да постигне договор со „романтичарите“ пред Наполи и Фенербахче, меѓутоа, трансферот пропаднал.

Сега, за Станковски се интересира Брага, која бара замена за либискиот фудбалер Али Мусрати кој ќе го продаде. Португалскиот тим е подготвен да ги исполни барањата на Работнички за да го добие Станковски.

Младинскиот репрезентативец на Македонија во последната сезона за Работнички одигра 26 натпревари на кои забележа осум гола и пет асистенции.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.