• Мартин Танасковски
Македонскиот фудбалски интернационалец Лука Станковски накратко ја напушта Турција и ќе оди на позајмица каде ќе бара поголема минутажа.
22-годишниот играч од средниот ред од Газијантеп заминува на позајмица во екипата на Раднички од Крагујевац. Така, Станковски ќе игра во српската Суперлига која важи за една од најквалитетните шампионати на Балканот.
Станковски кариерата ја почна во младинците на Вардар од каде се пресели во Работнички, а потоа беше продаден во турски Газијантеп. Од 2022 година па до денес беше на две позајмици, во словенечка Горица и турски Тузласпор.