Лука Станковски го спаси Работнички од пораз против Брегалница

Фудбалерите на Работнички не успеajа да славaт на гостувањето во Штип, откако ремизираа против второлигашот Брегалница со резултат 1-1. 

Во главно израмнет натпревар, Брегалница дојде до предност со голот на Наумче Бакрачески во 37. минута, откако со одличен шут погоди во горниот агол од голот на Работнички. Три минути подоцна, Ристе Наумов имаше одлична шанса, но Јанков одбрани и исфрли во корнер.

Во второто полувреме, повторно домашните ја имаа првата шанса. Во 63. минута, Шишков нафрли, а Пепи Ѓорѓиев шутираше сантиметри крај голот.

Но, потоа следеше доминација на Работнички и израмнување во 74. минута со голот на младиот Лука Станковски. На оваа акција претходеше шутот на неговиот брат Марио Станковски, кој го погоди дирекот.

Во 84. минута Пепи Ѓорѓиев имаше одлична шанса да донесе повторно водство за Брегалница, но Ристо Јанков го одбрани неговиот удар.