• Горан Упале

Доколку им веруваме на турските медиуми, македонскиот младински репрезентативец Лука Станковски е на излезни врати од редовите на Газиантеп.
Одличниот офанзивец во јануари се одлучи да го засили турскиот тим и потпиша договор до 2026 година, но моментално е незадоволен од минутажата и наводно веќе размислува за нов предизвик.
„Трпението на македонскиот фудбалер Станковски е при крај. Клубот наскоро ќе ги активира разговорите за негово заминување, бидејќи фудбалерот не добива никаква шанса и стагнира во кариерата“, пишуваат турските медиуми.
Станковски во турската Суперлига сезонава одигра само три натпревари, но на сите влегуваше од клупата за резерви.