ВИДЕО: Лука Модриќ слета во Милано за потпис со „росонерите“

Лука Модриќ ќе стави потпис на едногодишен договор со Милан, со можност за продолжување на уште една. По ѕвездената етапа во Реал Мадрид со кој освои рекорден број трофеи, Хрватот се реши да замине и кариерата многу веројатно ќе ја заврши на „Сан Сиро“.

Веднаш по крајот на Светското клупско првенство Модриќ пристигна во Милано за потпис. Тој слета на аеродромот Малпенса и денес ќе ги мине медицинските тестови, по што ќе потпише договор со „росонерите“. 

„Среќен сум што сум во Милано. Со нетрпение ги очекувам предизвиците. Ќе имаме кога да разговараме подолго“, им кажа Модриќ на новинарите при слетувањето.

Во кариерата Лука Модриќ освен за Реал Мадрид настапуваше за Тотенхем и Динамо Загреб