Лука Модриќ купува дел од акциите на славниот велшки клуб

Лука Модриќ се подготвува да купи акции во велшкиот клуб Свонси Сити. Хрватскиот ветеран кој е на крајот на кариерата, ама сака да продолжи барем уште една сезона со Реал Мадрид, сега сака да започне нов предизвик.

Се очекува Модриќ да купи малцински дел од акциите на славниот клуб од Велс. Хрватот ќе влезе во сопственичката структура на овој клуб кој се натпреварува моментално во Чемпионшип лигата. 

Непознато е со која сума на пари Модриќ ќе влезе во структурата на Свонси, ама јасно е дека ова нема да влијае врз неговата играчка кариера.