Лука Модриќ ќе „гази“ елитен фудбал и во петтата деценија од животот!

Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ е еден од најдобрите играчи на Милан оваа сезона и покрај тоа што е во петтата деценија од животот.

41-годишниот играч од средниот ред и освојувач на Златната топка во 2018 година го напушти Реал минатото лето и го исполни својот сон од детството играјќи за Милан.

Според „Газета дело Спорт“, раководството на Милан веќе му понудило на Лука Модриќ продолжување на соработката и продолжување за уште една година, бидејќи актуелниот договор на хрватскиот ас истекува на крајот од сезоната.

Лука Модриќ одигра 26 натпревари за „росонерите“, со два гола и три асистенции.