ВИДЕО: Лука Јовиќ застана до Перез и официјално стана нов „крал“

Еден од најголемите таленти на европскиот фудбал, Лука Јовиќ и официјално е претставен за нов фудбалер на Реал Мадрид

На 21-годишниот српски напаѓач конечно му се оствари сонот и попладнево застана до Флорентино Перез и пред медиумите позираше во дресот на шпанскиот гигант, но интересно е тоа што во тајност се чува неговиот броj на дресот. 

„Дојде од одличен клуб и одлична лига, но овде предизвиците ќе ти бидат многу поголеми. Ова ти е најголемиот предизвик во твојата кариера. Ќе го браниш грбот на еден од најголемите клубови на светот. Ќе играш во дрес за кој си сонувал како дете“, рече Перез на денешната презентација.

По завршувањето на официјалното претставување, Јовиќ истрча на „Сантијаго Бернабеу“ каде беше дочекан од голем број на фанови на „кралскиот“ клуб. 

Србинот минатата сезона за Ајнтрахт одигра 48 меча во сите натпреварувања, на кои постигна 27 погодоци и седум асистенции.