Лука Јовиќ се пресели во Атина и станува вториот најплатен фудбалер на АЕК

Српскиот напаѓач Лука Јовиќ и официјално стана нов играч на АЕК Атина, објави грчкиот клуб. Јовиќ потпиша двегодишен договор вреден вкупно шест милиони евра. Со тоа сега веќе поранешниот напаѓач на Милан ќе стане вториот најплатен фудбалер во грчкиот гигант, по  Антони Марсијал.

Српскиот напаѓач беше во плановите и на Реал Овиедо, но тој одби да се врати во Примера и одлучи дека Атина ќе биде местото каде што ќе се обиде да ја оживее кариерата по лошата епизода во Милано.

Вториот најскап фудбалер во српската историја, за кого Реал плати 63 милиони евра во 2019 година, одигра помалку од 700 минути во 17 натпревари минатата сезона, постигнувајќи четири гола за „росонерите“.

Јовиќ пристигна во грчката престолнина рано утрово и, откако ги помина медицинските прегледи, потпиша договор со клубот.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.