Луис Енрике во главоболки, двајцата стопери недостапни за полуфиналето на СКП

Екипата на Пари Сен Жермен одигра шампионски кога најмногу требаше и остана во игра за уште еден голем трофеј оваа сезона. Освојувачот на Лигата на шампионите во претпоследниот четвртфинален дуел од Светското клупско првенство со 2-0 го совлада Баерн Минхен, но во полуфиналето ќе настапи без еден од најстандардните фудбалери и неговата замена.

Луис Енрике во битката за финале ќе мора да менува во својата дефанзива, затоа што на натпреварот со германскиот шампион црвени картони добија стартерот Пачо и неговата замена Лукас Хернандез. Колумбискиот стопер беше исклучен во 80. минута, а откако Енрике направи дефанзивна замена исклучување заработи и Хернандез.

Тоа значи дека во полуфинале партнер на капитенот Маркињос ќе биде или Камара или Бералдо. Не се исклучува можноста шпанскиот стратег и да изненади со некој експеримент, но секако дека двата денешни црвени картони ќе му зададат главоболка во составувањето на тимот и во тактиката за полуфиналната средба. 

Состави

Луис Енрике

4-3-3

    Винсент Компани

    4-2-3-1