Луис Енрике: Трофејот е радост, победивме оти не престанавме да бркаме победа

Иако се соочи со многу проблеми и со дефанзивен блок. францускиот првак ПСЖ го освои Суперкупот на Франција. Дуелот во Доха го реши Осман Дембеле, а Монако „скапо ја продаде кожата“.

Тренерот на победничката екипа, Луис Енрике, ја анализираше победата во Суперкупот на Франција.

„Освојувањето трофеј е секогаш носи радост. Да ја започнете вака годината ви дава сила и самодоверба да размислуваме за иднината. Денешниот беше многу тежок натпревар со противник со многу квалитетни играчи, со многу напаѓачки играчи. Имавме многу добри моменти на натпреварот, моменти на доминација и моменти на проблеми во одбраната. Сепак, мислам дека на крајот голот му ја донесе победата на тимот кој никогаш не престанува да се бори, кој никогаш не престанува да напаѓа, кој никогаш не престана да трча“, рече Луис Енрике во финалето во Катар.

Победничкиот гол на ПСЖ го постигна напаѓачот Осман Дембеле во судиското надополнување, на асистенција од Фабиан Руиз. Ова е прв од можните четири трофеи оваа сезона кои може да ги освои ПСЖ.