• Горан Упале

Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике изјави дека воопшто не жали за заминувањето на Килијан Мбапе во Реал Мадрид.
Мбапе не му помогна на ПСЖ да ја освои Лигата на шампионите, ќе видиме дали ќе го направи тоа во „кралскиот клуб“, но факт е дека не се раздели со „светците“ во најдобри односи. Ниту со тренерот Луис Енрике, инаку легенда на Барселона.
„Бев многу храбар минатата сезона кога ви кажав дека ќе бидеме подобри во нападот и одбраната. Тоа постојано го кажувам и бројките го потврдуваат тоа. Сите го сакаа Килијан, но тимот реагира позитивно. Сакав повеќе играчи да постигнуваат голови. Зрелоста е многу важна работа", изјави Енрике.
ПСЖ речиси сигурно ќе ја одбрани титулата во домашниот шампионат, додека во Лигата на шампионите се пласираше во плеј-офот и ќе игра двомеч со Брест.